Новости
Здраво!
Добредојдовте. Погледнете го воведот, мојата молба за посетителите и нешто во врска со Фајрфокс.
[2006-06-18 14:16:27]
Повик за посетителите
Што може да се прави на речник.орг? Засега не многу - за секој внесен збор има како род, број или член, додека описи и толкувања нема. Затоа пак, секој посетител може да ги измени податоците и додаде од каде потекнува зборот, што значи и во какви врски е со други зборови. Сакам информациите да останат достапни секому, па кој се разбира во правни работи, го молам да ме советува за лиценца под која ќе се објавуваат текстовите.
Ако решите да подарите пет минути, еве како да ги искоритите: Лево има врски за барање зборови и за внесување нови. Најдете збор или внесете го, ако го нема, и изберете менување на податоците од управувачките дејства. Додадете го првиот опис. Во него пожелно е да има нешто за потеклото, на пример дали е наследен зборот во македонскиот јазик од старословенски или пак е позајмен од латински. Во подописите стои значењето. Пример за врска со други зборови е синоним - најдете го бројот на синонимот и изберете дека имаат исто значење.
На секоја страна има можност за оставање забелешки. Благодарен сум за секој оставен збор.
[2006-06-18 13:57:09]
Преведени проширувања за Фајрфокс
Во минативе неколку недели запнав да преведам некои проширувања за Фајрфокс, што ги употребувам редовно. Преводите треба да влезат во „шемата“ на издавачите наскоро, но за потполност и следење, еве и овде. Штом се појави преводот во званичното издание, „закрпените“ проширувања овде ќе ги тргнам. Лично не би инсталирал вакви работи, ако не се на addons.mozilla.org, но сум направил и исклучок :) Кој сака може да го извади директориумот со локалето и да го вметне во оригиналната „xpi“ датотека.
- „Jump link“ (на Мозила) некако е во застој. Немам одговор добиено од авторите, па можеби и нема да има нова верзија во скоро време.
- „Image Zoom“ (на Мозила) се надевам дека во 0.2.7 ќе го има мк_МК и званично.
- „Search Engine Ordering“ (на Мозила) ќе трае само додека трае Фајрфокс 1.5.
- „Web developer“ (на Мозила) има две верзии, со преводи и без, односно само на англиски. Значи за новите надградби да бидат со превод, треба да се отиде на официјалната страна (не мозила) и да се земе соодветната.
- „NoScript“ (на Мозила) веќе е достапно со нашето локале.
Заинтересираните можат да погледнат што се случува на Бабелзила.
- jump_link-1.3.2-fx-with_mk_MK.xpi
- imagezoom_0.2.6-with_mk_MK.xpi
- search_engine_ordering-0.9.6-fx-with-mk_MK.xpi
- webdeveloper_1.0.2_localized-with-mk_MK.xpi
[2006-05-23 23:18:56]
Добредојдовте
Добредојдовте на страната на речник.орг. Замислата на остварувањево е македонскиот јазик да го зајакне присуството на интернет, да се овозможи полесна компјутерска обработка на македонски четива, да им се доближи јазикот на намерниците од целиот свет, како и на иселениците, кои немаат можност да го изучуваат на редовна настава.
Речников се стреми кон нешто поинаку од досегашните обиди на ова поле. Блаже Конески има поставено носечки столб со „Речник на македонскиот јазик (со српскохрватски толкувања)“, појава на интернет има за објаснување на странски зборови и на пат се три тома на печатено издание на толковен речник. Овде треба да бидат македонски објаснувањата, збирката на зборови да опфаќа подробности и да биде едноставно достапна во електронска форма.
Ако не е очигледно, ова е некаква алфа-бета верзија и е ставена за да се тестира. Љубовни писма и слично примам на ванде@речник.орг.
[2006-05-16 00:00:00]
2006-05-15 18:00:01